Категории

Каков тип маж барате (и заслужувате) во склад со вашиот хороскопски знак?

Стрелец: Сензуален маж

Стрелецот има авантуристички и лежерен дух. Сака да испробува нови работи, но исто така сака и дружење во домот со својата друга половина. Жената Стрелец сака сензуални мажи со добра смисла за хумор кои знаат да ја скршат напнатоста во предизвикувачките ситуации. На неа, исто така, ѝ треба некој кој е активен како нејзе, бидејќи во спротивно работите ќе завршат многу брзо.

Јарец: Грижлив маж

Јарците се паметни и сериозни, а тоа е причината поради која жената Јарец сака маж кој не е цело време сериозен. Таа, исто така, ги цени партнерите кои се слични како неа, бидејќи тоа ѝ помага да се поврзе со другите на подлабоко ниво. Жената Јарец бара маж кој многу напорно работи (но кој сака и забава). Таа, исто така, го сака чувството на сигурност во врската, а тоа ќе ѝ помогне повеќе да се фокусира на забавните работи.

Водолија: Шармантен маж

Водолијата е многу креативна и има авантуристички дух. Жената Водолија бара шармантен и страстен маж. Исто така, таа сака некој кој е дружељубив, бидејќи со таква личност се чувствува најсигурно.

Риби: Романтичен маж

Рибите се емоционални и интроспективни и знаат како да го искористат тоа. Тие се искрени кога ги мачи нешто. Жената Риба сака однос со некого кој е сочувствителен и внимателен, баш како што е и таа самата. Жената Риба исто така ја цени романтиката, па затоа ја покажува својата сензуална страна без стегање.

1 2 3

Прегледи:
1362
Објавено на:
21.03.2017