Колку пати во “оние моменти кога вашата мајка ве излудувала“ сте помислиле дека никогаш нема да бидете како неа?
Епа драги дами, не е баш се до вас, има по нешто и во ѕвездите. Тие велат дека постојат одредени правила каква мајка ќе бидете според тоа на кој хороскопски знак му припаѓате.
Овен
Мајката Овен е вистински борец, па кон се во животот пристапува како да тргнува во битка. Мајчинството не е за слабите, а Овенот е дама која е се само слаба не. Таа секогаш се снаоѓа со вербата која ја има во себе, а единствен шок може да и биде сознанието дека не зависи се од неа.
Бик
Мајката Бик е создадена и за работа и за уживање. Таа прво ќе се погрижи се да е ок, а потоа следува забавата. Таа иако е традиционална сепак ја сака авантурата па иако ќе го тера своето дете да учи и во недела не значи дека нема да му дозволи да ги следи своите авантуристички подвизи. Таа се труди своите деца добро да ги воспита за да пораснат во личности со убави манири, фокус, авторитет но и да бидат добри пријатели.
Близнаци
Можеби е неизвесно, но никогаш не е здодевно со мајката Близнаци. Членовите на семејството секогаш се прашуваат што следно ќе и “падне на памет“ на мајката Близнаци. Мозокот на мајката Близнаци е секогаш во полна пареа, а може да се каже и дека е најексцентрична од сите мајки во зодијакот.
Рак
Ракот е дама создадена да биде мајка. Тоа е во крвта на секоја дама која е родена во овој хороскопски знак. Дамите Ракови уште како девојчиња се грижеле за своите кукли како да се вистински бебиња. Семејството на дамата Рак и е се на светот и затоа таа гради длабоки врски со децата.