Категории

Каква мајка сте според хороскопскиот знак

Стрелец

Мајката Стрелец живее во моментот, а мајчинството е вистинска авантура за неа. Иако на прв поглед и се чини дека ви е тешко да бидете нечиј авторитет, се што треба е да се прилагоди на потребите на другите и на новонастанатата ситуација. Мајката Стрелец е спонтана па затоа е во состојба да ги стави своите деца во автомобил и да тргне во прошетка без некој посебен план. Иако на мајката Стрелец слободата и е средно име таа во сите свои активности ги вклучува и децата.

Јарец

Понекогаш се чини дека мајката Јарец сака да ги преземе улогите на двајцата родители наеднаш. Не е дека нема женствена страна, но редот и дисциплината и се во крвта. Се држи до тоа дека треба децата да ги научи на се. Сака блискост со нив но не и да им биде најдобра пријателка. Мајката Јарец не покажува емоции преку нежност туку преку дела.

Водолија

За мајката Водолија не важат никакви правила. На неа најдобро и е во нејзиниот креативен хаос и никогаш не и е здодевно. Таа на животот гледа како на голема авантура и сака нејзините деца да ја почувствуваат таа магија. “Очекувајте го неочекуваното“ е она што неа најдобро ја опишува. Бидејќи во основа не се поврзува премногу, нејзината поврзаност со децата и е крајно збунувачка. Кај неа често нештата се топло-ладно, но со мајчинството открива нов исклучително убав свет во кој пушта корења.

Риби

Мајката Риби е секогаш подготвена да тргне во авантура за своите деца. Децата на мајката Риби се секогаш мазени и пазени, а за неа се безгрешни. Таа е тука нив секогаш да им ја даде најцврстата поддршка и тие тоа го знаат. Мајката Риби сака да ги разгали своите деца. Некои пак мајки во овој хороскопски знак знаат да ги идеализираат своите деца. Сепак мајката Риби е најдобар пријател и советник на своите деца и сето тоа го прави со невидена леснотија.

1 2 3

Прегледи:
1203
Објавено на:
03.07.2016