Категории

Какви чанти и чевли се носат во моментов во Париз?

Модната недела во Париз заврши, а во текот на тие неколку дена додека траеше, фотографите ревносно го следеа секој чекор и се погрижија да ги забележат сите стилски детали.

Иако не не изненадува тоа што го забележаа, сепак нè изненади што токму овој бренд е затапен во толкава мера.

 

Се чини дека Парижанките, како и посетителките на познатата модна метропола, дадоа се од себе во текот на Високата модна недела да го почестат Градот на светлината на посебен, стилски начин – така што го прокламираа францускиот моден дизајн.

Се разбира, станува збор за Шанел. Практично, секоја втора фотографирана девојка носеше чанта, чевли или чизми брендирани со ознаката на Шанел.

Со Шанел секако не можете да погрешите, но не очекувавме од Французинките баш ваква игра на сигурно.

Прегледи:
501
Ознаки:
· · ·
Објавено на:
31.01.2020