Категории

Какви костими за капење ќе доминираат на плажите ова лето

Сигурно плажата не ви паѓа ни на крај памет кога од другата страна на прозорецот е тмурно и врнежливо, но долгите летни топли денови ќе стигнат побрзо отколку што можете да си замислите.

Популарниот моден бренд For Love & Lemons ја претстави новата колекција костими за капење која изобилува со необични модели и кроеви кои ќе останат забележани каде и да се појават. Колекцијата се состои од едноделни и дводелни парчиња во јаки бои како црвена и жолта, а исто така преовладуваат и монохроматски црно-бели.

Костимите за капење изгледаат доста интересно украсени со метални додатоци, а особено бпечатливи се оние со малите исечоци. Иако мислевме дека тие ќе останат заборавени во минатата сезона, ова лето доаѓаат со уште по впечатливи и по провокативни исечоци кои го комплиментираат телото и облините.

Прегледи:
384
Објавено на:
18.04.2017