Категории

Какви сте според кафето што го пиете?

Расонувањето ви е проблем, па ви треба кратко еспресо? Сакате да видите што се крие под шољата па не го избеднувате црното кафе?  Или пак спаѓате во групата луѓе кои уживаат во кафе со многу крем и многу шеќер? Верувале или не, некои статистики докажале дека кафето кое обожавате да го пиете соодветсвува на вашиот карактер.

Image result for girl drinking coffee

  1. Кратко еспресо

,, Родени да бидат лидери “ зависниците на краткото еспресо спаѓаат во групата луѓе кои се успешни и многу значајни во бизнисот. Нивната способност да се постават храбро пред секој предизвик ги прави моќни и луѓе кои знаат да ги имаат конците во свои раце. Нивнатата потреба од толку јако кафе секое утро им дава сила и самодоверба да се представат во надобро можно светло.

Image result for еспресо

  1. Долго еспресо

Интелектуалци, полни со позитивна енергија, критичари – обожавателите на долгото еспресо спаѓаат во групата луѓе кои оставаат достоен коментар во секоја пригода. Доста често знаат да остават впечаток на луѓе ,,за кои има што да се зборува”. Конзумирањето малку повеќе кофеин во денот од другите ги прави да останат фокусирани на својата работа и успешно да ги завршат своите обврски.

Image result for еспресо

  1. Макијато

За разлика од обожавателите на еспресото, макијато-фановите, се покажуваат како луѓе кои не се грижат за своите одлуки, односно луѓе кои не мислат за последиците или придобивките кои ќе ги добијат од донесената одлука. За нив секоја донесена одлука може да има свој ризик, па затоа и не размислуваат  околу донесувањето одлуки.  Живееат опуштен и удобен живот, па затоа и утрото го почнуваат опуштајќи се со шоља макијато.

Image result for макијато

  1. Капучино

Вистински класичари! Љубителите на капучиното се стремат кон она што е едноставно. За нив ,,се треба да биде како под конец”. Секогаш се скоцкани и средени и се тип на луѓе кои смислата за хумор ја искажуваат на културен начин без правење замки или шеги. Нивното утро со шоља капучино не би било убаво без некоја композиција од Моцарт или Бетовен.

Image result for капучино

  1. Фрапучино

Ако сте љубител на фрапучиното тогаш вие сте енергичен човек и човек кој што е  полн со позитивна енергија. Многу сте авантуристички настроени и имате моќ да ги направите сите околу вас среќни, па затоа сте и најсакан во друштвото.

Image result for фрапучино

  1. Нескафе

Слично како обожавателите на долгото еспресо, така и вие имате способност да држите се во свои раце.  Умеете да го задржите својот став, па дури и се спротиставувате на ставот на мнозинството и покажувате дека вие сте во право. Големата самодоверба ви помага да се справите со секакви емоции.

Image result for нескафе

  1. Црно кафе

Љубителите на црното кафе се заљубени во обичниот начин на живот. Нив не им е потребно освежување на гардероберо со најновите парчиња облека или пак купувањето скап накит. Умеете да премолчувате многу работи со цел да се тргнете настрана од проблемите за кои секогаш сте во право дека МОРА да се решат на било кој начин.

Image result for црно кафе

  1. Кафе со крем и шеќер

Барајќи баланс помеѓу тоа што е логично и тоа што тие мислат дека е логично, љубителите на кафето со многу крем и многу шеќер, на момент можат да се изгубат себе си, но нивната снаодливост им помага брзо да најдат начин за секој нивен проблем.

Image result for нескафе

 

Прегледи:
976
Објавено на:
09.10.2016