Категории

Какви татковци се мажите според хороскопскиот знак?

Сите би го посакале Бикот за татко, Девиците имаат најголеми очекувања од своите деца, Вагите се праведни, а Јарците ги разгалуваат децата.

Овен

Овенот може да биде сјаен семеен човек кој ќе ги поттикне своите деца да сонуваат и ќе ги смее до солзи. Но, честопати има потреба да ги контролира, а и трпението не му е јака страна.

Бик

Биковите се познати по сталоженоста и стојат цврсто на земја. Иако знаат да бидат тврдоглави, тоа ги поттикнува да бидат страствени кога се работи за семејството. Природно се талентирани за улогата на татко.

Близнаци

Татковците Близнаци имаат две лица. Во едне момент се смирени и сочувствителни, играат и се забавуваат, а во следниот момент се затвораат во четири ѕидови, работејќи на некој проект.

Рак

Раковите се нежни и внимателни татковци. Плачат (ако не однадвор, тогаш сигурно во себе) кога и нивното дете плаче бидејќи длабоко ги погодуваат нивните чувства.

Лав

Лавовите се подготвени за игра до бесконечност. А тврдоглавоста, иако понекогаш ги прави непопустливи, им помага околу дисциплината кон своите деца.

Девица

Девиците не ја исполнуваат секоја желба на своето дете. Приврзани се, но бараат ред и дисциплина и очекуваат многу од своите деца.

Вага

Вагите се супер татковци, особено кога имаат повеќе деца. Сакаат да бидат праведни, но честопати се неодлучни.

Скорпија

Скорпиите можат да бидат многу интензини, сериозни и понекогаш престроги. Добрата страна им е љубопитноста бидејќи тие сакаат да знаат се за своите деца.

Стрелец

Стрелците се забавни и со авантуристички дух. Можат да бидат одлични татковци, но ако почувствуваат преголемо оптеретување, стануваат немирни и вознемирени.

Јарец

Татковците Јарци се одлучни, сакаат да планираат активности за децата. Можат и да претераат во желбата да бидат најдобри татковци и да ги разгалат своите деца.

Водолија

Татковците Водолии може да се соочат со проблем при рутината која им е потребна на децата. Но, ќе ги поттикнат да бидат креативни, да истражуваат и да ја сакаат уметноста.

Риби

Рибите се емотивни и уметнички души, а минус кај нив е фактот што одеднаш можат да станат мрачни и мрзеливи. Не можат да се фокусираат долг период на една работа.