Категории

Какви ти се мислите таков ти е и животот – Од тебе зависи кој си ти

„Кој сум јас?“ го прашал младичот старецот.
„Ти си она што мислиш“, одговорил старецот. „Ќе ти објаснам преку една приказна.“

Еден ден, покрај градските ѕидини, во мракот можеле да се видат две особи како се прегрнуваат.

„Тоа се тато и мама“, помислило невиното дете.
„Тоа се љубовници“, помилил човекот со расипана фантазија.
„Тоа се двајца пријатели кои не се виделе долги години“, помислил човекот кој живее сам.
„Тоа се двајца трговци кои склопиле добра зделка“, помислил човекот алчен за пари.
„Тоа е татко кој го прегрнува својот син кој се вратил од војна“, помислила жената со нежна душа.
„Тоа е ќерка која го прегрнува својот татко кој се вратил од пат“, помислил човекот ожалостен поради смртта на својата ќерка.
„Тоа се заљубени“, мислела девојката која сонува за љубов.
„Тоа се двајца кои се борат за смрт“, помислил убиецот.
„Кој знае зошто се прегрнуваат“, помислил простиот човек.
„Колку е убаво да се видат двајца кои се прегрнуваат“, помислил благодарниот човек.
„Секој мисли“, заклучил старецот, „во зависно од тоа кој е тој“

Затоа проникни во своите мисли, тие најдобро можат да ти кажат кој си ти.

Прегледи:
766
Објавено на:
28.12.2020