Категории

КАКВИ ЖЕНИ МУ СЕ СЛАБОСТ СПОРЕД ХОРОСКОПСКИОТ ЗНАК

Ѕвездите можат да ви помогнат да откриете на какви жени „паѓа“ секој маж, за да можете полесно да го освоите, што не значи да се менувате заради него, туку едноставно да знаете какви ви се шансите да го привлечете со тоа што ќе бидете своја.

Овенот  е „печен“ кога ќе наиде на силна и независна жена, која си го кажува мислењето и може да го совлада секој предизвик. Успехот и способноста се моќни афродизијаци за Овенот.

Вниманието на Бикот ќе го привлече жена која дава поддршка, е забавна и женствена. Ако малку го „растресе“, но пак е женствена, тој ќе падне на нејзиниот шарм.

Мажите Близнаци гарантирано „паѓаат“ на жени со голема интелигенција, креативности и хумор. Кога еднаш ќе ги заинтересирате, и понатаму ќе ги изненадувате и фасцинирате, ќе станете неодоливи за нив.

Мажот Рак сака жена со невин изглед, која е целосно посветена на него. Ако таа е малку залутана, и има чувство дека треба да и помага и да ја штити, тој толку ќе се заљуби во неа што неизбежно ќе ја официјализира врската.

Мажот Лав го привлекуваат дружељубиви и самоуверени жени, кои секогаш се трудат да изледаат најдобро, со беспрекорна шминка, коса и тело. Но таа не треба да биде само убава, туку и паметна, духовита и реализирана жена.

Мажот Девица „паѓа“ на припаднички од понежниот пол со изглед како „девојка од соседството“, убава и паметна, но не доволно ценета. Таа треба да биде разумна, логичар, и да не покажува многу чувства, зашто овој знак не го сака тоа.

Ако некој верува во совршена врска, тоа е мажот Вага, па постојано го бара совршениот партнер, а тоа е некој со кого може да се поврзе и емотивно и интелектуално. Слабост им се жени кои се згодни, со смисла за хумор, самоуверени, посветени и интелигентни.

Мажот Скорпија сака да биде најдобар и да го има најдоброто. Тој сака паметна, секси, авантуристички настроена, страстна, независна жена, која воедно е и спортски тип.

Стрелецот сака стимулирачка и енергична жена, која треба да биде таинствена и постојано да го предизвикува, што за него е провокативно и чудесно.

На мажот Јарец му треба многу за да се заљуби, но тоа се случува кога жената е самоуверена, но не нападна, секси, но не развратна, страстна, но не претерано, и жена која има свој живот, кариера, хоби, интереси и соништа.

Мажот Водолија го освојуваат жени на кои никој не им треба и кои не се грижат што мислат луѓето за нив, жени кои секогаш ќе постапат по свое, и токму затоа го привлекуваат мажот Водолијата.

Мажите Риби многу сакаат да сакаат, но жената која навистина ги освојува треба да биде нежна, дарежлива, чувствителна и без предрасуди.  Бидејќи Рибите сакаат уметност, и жената на нивните соништа мора да ја сака уметноста, а и животните, подеднакво колку и луѓето.

Извор : diva.mk

Прегледи:
466
Ознаки:
·
Објавено на:
06.10.2016