Категории

Какви жени сакаат мажите според хороскопскиот знак?

Ви се допаѓа колегата од соседната канцеларија или можеби пријателот на вашата добра пријателка? Се плашите дека немате шанси? Дознајте кој е неговиот хороскопски знак и каква жена посакува! 

Овен

Мажите родени во овој хороскопски знак сакаат независна жена. Гламурозниот изглед и тело од соништата му се најмалку важни. Неговата жена од соништата треба да биде атлетски градена.

Бик

Мажот роден во овој знак сака жени на кои им е важна традицијата и која има добри манири. Сака жена која добро и мудро располага со финансиите и поважен и е квалитетот од квантитетот.

Близнаци

Мажите родени во знакот на Близнаци сакаат со својата избраница да доживеат авантура, па поради тоа сакаат активни и екстровертни партнерки. Освен тоа, сакаат да водат интелектуални разговори, па затоа важно им е и образованието.

Рак

За Раковите воопшто не е важна кариерата на жената. Наместо тоа, тој сака грижлива партнерка на своја страна, на која и е важно семејството и поседува емоционална интелигенција.

Лав

Довербата и шармот се две важни карактеристики на кои обрнуваат внимание Лавовите кај жените. Освен тоа, тие сакаат кога жената е самоуверена и внимава на својот изглед.

Девица

Мажите родени во знакот на Девица се мажествени и сигурни во себе. Меѓутоа, не се ни малку спонтани и се обидуваат сѐ да стават под своја контрола. Неизмерно им е потребен мир и сакаат кога жената во потполност ќе се прилагоди на него и неговите потреби.

Вага

Не поднесуваат нељубезност, па неговата партнерка мора да биде љубезна и грижлива. Меѓутоа, тие сакаат и ИТ девојки кои се сјајат покрај него.

Шкорпија

Тие најмногу сакаат таинствени жени, па затоа многу ги привлекуваат дами кои знаат што сакаат.

Стрелец

За мажите родени во знакот на Стрелец важно е да можат добро да се забавуваат со жената. Сѐ друго е неважно. Спонтаноста, љубезноста и одлучноста се на врвот на листата од желби кај Стрелецот.

Јарец

За Јарецот идеална жена е онаа која е ориентирана на кариерата. Годините не им значат ништо, но кога би морале да бираат, тогаш би избрале постара жена од себе.

Водолија

Жената покрај овој знак мора да биде храбра и полна со самодоверба. Тој е среќен кога може гордо да ја покаже својата девојка.

Риби

Мажите родени во знакот на Риби сакаат мирна партнерка која е многу креативна. За него е важно да може да и покаже на партнерката дека може да ја заштити. Емоциите за него се на прво место.