По очајната игра во нападот и одбраната што резултираше со тежок пораз од Тунис, сонот на ракометната репрезентација на Македонија за настап на Олимписките игри во Рио остана само сон. Катастрофалната игра од првото полувреме кога нашата репрезентација губеше со седум разлика се преслика и во вториот дел.
За дебаклот што ни се случи капитенот на репрезентацијата, Кирил Лазаров видно разочаран кратко изјави :
-„ Тешко е да се каже нешто после ваков натпревар. Цврсто верував дека ќе успееме. Веќе бев со мислите во Рио, но спортот е таков… Сега треба да се смириме и да донесеме добри одлуки за понатаму. Навистина жалам што со оваа репрезентација не успеавме да се пласираме на Олимпијада. “