Пред само еден месец од почетокот на спектакуларното шоу на брендот Victoria’s Sеcrеt, на инстаграм осамна вест која го бранува модниот свет. Поранешниот модел Кара Делевин која се откажа од професијата како модел со цел да се оствари себеси како актерка, денес на својот инстаграм профил го објави специјалното писмо во кое креативниот директор на брендот ја замолува оваа година да учествува во шоуто без притоа да помине низ задолжителниот кастинг. Кара сеуште не се огласила дали ќе ја прифати понудата но нејзините фанови со големо верување го исчекуваат нејзиното повторно враќање на модната писта..