Категории

Кара Делевин во празничната кампања на Burberry инспирирана од осумдесеттите

Моделот и актерка во подем, Кара Делевин полека зе враќа назад на својата првобитна професија а сега како носечко лице на новата празнична колекција на модната куќа Burberry.

Како нивна долгогодишна амбасадорка, во типичен британски дух Кара ги претстави клучните парчиња од колекцијата како препознатливите шалови и марами со принтот на брендот и trench капутите во беж и црвена боја. Таа изработи и кратко видео во кое ја пее песната “Always on My Mind”, а покрај неа се појавува и британскиот актер Мет Смит.

Целокупната кампања е изработена во духот на осумдесеттите со доза на носталгија од тоа време.

Прегледи:
301
Објавено на:
07.11.2017