Џејмс Корден ја започна новата 2016 одлично! Минатата година почна со новиот, забавен сегмент во неговото шоу – караоке во движење. Toj ја засмеја Америка и целиот свет, пеејќи караоке со некои од најголемите музички ѕвезди во автомобил, а следна е мега-популарната Адел.
Врз основа на системот во Америка што не дозволува возење на побрзата лента на патот ако има само една личност во автомобилот, Џејмс Корден ги повикува своите познати пријатели да му се придружат и да се забавуваат додека возат за неговото “Late Late Show”.
Посебното новогодишно издание беше компилација од познатите кои ја пееја “Joy To The World”, и беше голем хит – одличен завршеток на годината во која ги видовме Џастин Бибер и Џејмс Корден како пејат додека возат, па пробуваат смешна облека, One Direction како изненадуваат група фанови, како и Стиви Вондер кој, како и секогаш, беше неверојатен.
И, за да ја започне новата 2016 година успешно, Џејмс ја покани најголемата поп-ѕвезда во светот моментално – Адел! Погледнете како изгледаше тоа:
Погледнете некои од најдобрите видеа од караокето во движење од минатата година: