Категории

Карли Клос како Мерлин Монро за Swarovski

 

Популарниот Ит-модел блеска во елегантна розова тоалета зачинета со Swarovski кристали инспирирана од легендарната сцена од филмот “Gentlemen Prefer Blondes”. Мерлин Монро засекогаш ќе остане непресушна модна инспирација, а во нејзина улога овој пат се најде Карли Клос – новата амбасадорка на луксузниот бренд за накит Swarovski. 24-годишната американка која веќе со години спаѓа во првата лига на светските модели, во оваа возбудлива маркетингшка приказна ја отпеа незаборавната “Diamonds Are a Girl’s Best Friend”, џез песната по која Мерлин остана препознатлива во филмот “Gentlemen Prefer Blondes” од 1953 година. Опкружена со куп мажи, Карли одлично го долови амбиентот кој го создаде легендарната модна икона.

Прегледи:
319
Објавено на:
09.03.2017