Категории

КАРОЛИНА LIVE СО СВОЈАТА “BEST OF” ПРОГРАМА НА ПРВИ МАРТ!

PURE NIGHT CLUB

21:00

Први март одамна е празник во Македонија. Го викаат денот на Каролина…

А, ние секогаш ги знаевме вашите желби, уште пред да ги помислите. :)

Поради тоа, после толку време, со обострана желба за заемна дружба, решивме конечно да организираме дружење со Каролина и нејзините фанови токму на први март и во форма на двочасовно патување и ,,Best of” пресек на нејзината кариера… во ноќниот клуб Pure – местото кое изминатиов период ги угости Џибони, Бајага, Прљаво Казалиште, помеѓу останатите.

Влезниците, во ограничен број, ќе бидат во продажба од среда (7 февруари) во 9 часот наутро онлајн на ticketx.mk и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од 1.000 денари.

Се гледаме на 1 март, со оние кои ќе успеат да дојдат до нив…

Ваша,

Авалон Продукција

Прегледи:
93
Објавено на:
06.02.2024