Категории

Кажете им збогум на зимските дезени: Поздравете го трендот кој ќе го обожаваме оваа пролет!

По зимскиот период во кој преовладуваа карираните дезени, време е да ги замените со точките во апсолутно сите комбинации и да ја дочекате пролетта во најдобро издание.

Сигурни сме секоја од вас го носела овој дезен во некој период од животот, но исто така сигурно сте забележале и постари дами кои го имаат на себе.

Точките денес се сметаат за еден од најшармантните дезени кои истовремено предизвикуваат елегантна нота во комбинација со детска разиграност, а всушност тој спој на сериозност и лежерност е она што го прави овој дезен совршен за сите пригоди.

Точкастиот дезен низ времето ги менувал стиловите, па бил присутен и во поп арт културата, спортот, а врвот на елеганцијата го доживува во деведесеттите.

Прегледи:
534
Објавено на:
08.03.2019