Кажете си секое утро: Биди силен! И ќе ви биде малку полесно. Денес ќе има работи кои ќе се обидат да ве извадат од такт, и луѓе. Но, немој да се откажеш. Затоа што имате причина денешниот ден да го направите поинаков. Ден во кој нема само да се жалите кој што ви кажал и како некој ве гледал. Ден кога негативните мисли повеќе нема да бидат добредојдени во вашиот живот во онаа мера како што некогаш биле. Затоа што сте решиле да живеете, да чувствувате, да сонувате, да љубите.
Кажете си секое утро: Ништо не е невозможно. Дали научивте да верувате во подобро утре? Дали вчера доживеавте дека не се исполнети сите оние ваши неславни сомнежи кои ве следат од ден на ден? Минатото од кое свртивте во другата насока веќе нема моќ во вашиот живот. Затоа пробајте некои работи од нула. Средете ги поинаку. Вие поставувате приоритети. И уживате во убавината на овој ден што никогаш повеќе нема да се повтори. Никогаш!