Категории

Ќе ги молат за прошка: Три знаци на кои годинава ќе им се врати поранешната љубов

Оваа година ќе донесе многу љубовни заплети, барем за овие три хороскопски знаци. Лавовите, вагите и на стрелците оваа година на полето на љубовта ќе ги чекаат тешки одлуки и пресврти, но и предизвици и смирувања со поранешните.

Вага

Доколку сте слободни и не сте во долга стабилна врска, ве очекува враќање на некоја стара и заборавена љубов. Со оглед на тоа дека ви недостига љубов во моментов, можно е повторно да се обидете, дури и ако не сте нешто многу заинтересирани за таа личност. Годинава ви се случуваат добри работи на емотивно поле, па сигурно е дека вашата одлука да ѝ се вратите на старата љубов ќе биде добра.

Стрелец

Зад вас се неколку стресни месеци на полето на љубовта, но конечно дојде време за подобрување. Со извинување поранешна љубов ќе ви побара  втора шанса, но никому не простувајте доколку не се потруди многу. Старата љубов има шанси повторно да заблеска, но ако двете страни се подготвени за компромис.

Лав

Лавовите ќе мора да избираат – на нивната врата ќе чукнат неколку добри шанси. Годинава ќе бидете магнет за спротивниот пол. Затоа, ниту поранешните партнери нема да останат имуни на вас. Но размислете двапати пред да му дадете некому втора шанса. Ѕвездите ве советуваат добро да анализирате сè. Можеби дури е подобро да запловите во нешто непознато и ново.

Извор : brkajrabota.mk

Прегледи:
310
Ознаки:
·
Објавено на:
09.02.2017