Категории

Ќе ги победиш сите стравови и проблеми кога храбро ќе ги погледнеш во очи

Кога подлабоко ќе се загледаш во секој проблем ќе откриеш едно неверојатно нешто а тоа е дека на крајот сиот страв кој тој ти го причинува, непријатностите низ кои поминуваш поради него, напорот кој го вложуваш за да го разрешиж, доаѓа една прилика, неверојатна прилика ншто во твојот живот да стане поинакво, несекојдневно и нереално.

Проблемот тука е дека местото на кое некогаш си бил слаб, предизвикот кој не си го разбрал добро, нештото во кое не си вложувал доволно, сега го земаш како свој адут и од него излегуваш посилен и поодлучен.

Кога подлабоко ќе се загледаш во секој проблем ќе откриеш дека нештата не се така црни како што изгледаат на прв поглед и дека секој има онаков живот какви што бои сам го обојува. Не постои една магична формула, нити низа совети кои можат да ги отстранат сите проблеми од вашиот живот баш затоа што не е ни потребно. Тие се тука за да се спознаете себеси, да се соочите со своите темни страни и процесот на растење да го сфатите сериозно затоа што од него зависи се што треба да правите и бидете во иднина.

Секој твој проблем ти порачува да ги подигнеш стандардите во својот живот, да размилиш кои вредности те придвижуваат, да го препознаеш вистинското лице на луѓето со кои си опкружен и да сфатиш дека животот е пат во кој нема некои чудни пречки. Еднаш кога ќе пораснеш и кога позади себе ќе оставиш многу нешта кои не ти се вредни, ќе сфатиш дека вистински проблеми всушност и нема, и дека тоа се всушност само нешта од кои извлекуваш драгоцени поуки и пораки за животот.

Прегледи:
589
Објавено на:
29.12.2020