Категории

Ќе останете несреќни се додека верувате дека среќата ви ја носат другите луѓе…Ова се најубавите афоризми на Оскар Вајлд

Мајсторот на афоризмите и генијалните парадокси, Оскар Вајлд, е еден од најцитираните светски писатели. Од неговите дела веќе одамна се извлечени некои од најдобрите афоризми, како и од неговата способност да го користи хуморот на најсоодветен начин. Уживајте во неколку убави и забавни афоризми на Оскар Вајлд.

Ќе останете несреќни се додека верувате дека среќата ви ја носат другите луѓе.

Човекот е најмалку свој кога зборува за себе. Дајте му маска и ќе ви ја каже вистината.

Знаењето е смрт. Нас не пленат само сомнежи. Маглата ги прави работите чудесни.

Старите луѓе веруваат во сè, луѓето во зрела возраст се сомневаат во сè, младите луѓе знаат сè.

Не ги поднесуваме луѓето кои имаат исти недостатоци како нас.

Биди она што си. Другите улоги се веќе зафатени.

Да живеете онака како сакате не е егоизам. Егоизам е кога ги принудувате другите да мислат и да живеат како што вие сакате.

Луѓето најчесто се заинтересирани за сè во животот, освен за она што навистина треба да го знаат.

Сите учествуваат во несреќите на своите пријатели, само ретките им се радуваат на нивните успеси.

Најлошите работи што ги правиме ги правиме со најдобра намера.

Ништо не ја нарушува љубовта колку хуморот кај жените и недостатокот на истиот кај мажите.