Категории

ЌЕ ТЕ ПОВРЕДАТ, САМО АКО ИМ ДОЗВОЛИШ

Доволно беше се што претрпев и доживеав во последно време. Што и да фатам се крши, што и да замислам, не се остварува. Едноставно се она што го сакам се содржи од многу малку барања ама многу труд и трпение.

Постојат многу недостатоци во мојот живот, работи кои ми фалат и сакам да ги имам, но ги немам. Многу пати сум се запрашала зошто мене ова ми се случува.

Јас не залужив пораз, јас не заслужив да бидам несреќна како и сите останати околу него, поразени, оставени на пола пат до сонот кој го замислуваат.

Оставени да тагуваат, да плачат и да бидат нереќни. Зошто мене ми се случува ова, навистина и самата си се запрашувам кога седам и мислам на се што поминало.

Ми се случува бидејќи јас дозволив да бидам повредена и оставена како и многу други на овој свет. Како цвет кој овенал и бил фрлен во отпадот на несреќата.

Ивана

Прегледи:
379
Ознаки:
·
Објавено на:
14.03.2016