Категории

Кејт Мидлтон никогаш не дава автограми од безбедносни причини

Кој сака селфи со војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, ќе добие. Кој сака да се ракува со неа, ако за тоа има можност, ќе има шанси. Но, ако некој сака автограм од неа, тогаш тоа нема да се случи.

Причината поради која Кејт Мидлтон не дава автограми е безбедносна. Таа, како и другите членови на кралското семејство мора да го следи протоколот и не смее да дели автограми поради опасност од нивно фалсификување.

Освен тоа, кралскиот потпис би можел да достигне голема цена. На пример, една божикна честитка со потписот на кралицата Елизабета на „Ибеј“ моментно се продава за 1.200 фунти.

Исклучок од ова правило направил принцот Чарлс. При посетата на погодените од поплавите во Корнвол во 2010 година, меѓу кои била и брачната двојка Том и Мег Хенди, чија куќа била целосно под вода, принцот ги прашал дали може да направи нешто со што би им помогнал. Тие го замолиле за автограм, а тој не можел да ги одибе.

Потписите на членовите на кралското семејство единствено може да се пронајдат во книгите за гости при нивните државни посети.

 

 

Извор: Макфакс

Прегледи:
385
Објавено на:
21.08.2017