Долгоочекуваната колекција шминка на Кејтлин Џенер конечно го виде светлото на денот.
Во соработка со мејкап гигантот MAC, Кејтлин минатата година ја лансира колекцијата кармини именувана како Finally Free а сретствата од продажбата беа донирани во MAC AIDS Fund Transgender Initiative, организација која обезбедува поддршка и програма посветена на подобрување на животот на трансродовите луѓе. Кејтлин Џенер тогаш храбро ја подели својата приказна а MAC продолжи во тој смер со новата колекција за сите возрасти, раси и полови. Елегантни класични нијанси за усни, очи и образи кои совршено одговараат на оние кои го живеат животот во целост во кој облик се чувствуваат најсамоуверено. Целата колекција можете да ја погледнете на официјалниот сајт на брендот.