Категории

Келвин Харис преживеа тешка сообраќајна несреќа

Светски познатиот диџеј и момче на Тејлор Свифт, Келвин Харис заврши во болница по тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер.

kelvin22

Според информациите на TMZ порталот возилото на Харис се судрило со автомобил што го возела 16-годишна девојка, по што тој се здобил со повреди на лицето и бил префрлен во болница. Во моментот на несреќата Харис се возел кон LAX аеродромот.

Очевидци на настанот велат дека диџејот бил на совозачкото седиште на џип кога во него удрила Фолксваген Буба во која имало неколку тинејџери.

Харис ја напуштил болницата спротивно на лекарската препорака затоа што во моментот немало приватни соби и сега се наоѓа на домашно лекување.

Прегледи:
441
Објавено на:
22.05.2016