Категории

Кендал Џенер е новото лице на „Манго“

Ова е уште еден нејзин договор со позната марка, откако претходно Џенер потпиша договори и со “Келвин Клајн”, “Карл Лагерфелд” и “Фенди”.

Кендал ги следи стапките на своите колешки Кејт Мос и Кара Делевин кои беа претходните лица на “Манго”.

Линијата која ќе ја рекламира Џенер, ќе се вика “Tribal Spirit” и ќе биде една од четирите теми во новата колекција пролет 2016 на брендот.

Облеката од линијата е во духот на африканската савана и вклучува фустани со принтови инспирирани од племињата во саваната, како и кожени миниполи.

Фотосесијата на Кендал за брендот е снимена од фотографот Дејвид Симс во декември во Лондон.

Warming up for #TribalSpirit in the new @Mango Campaign #MangoGirls

A video posted by Kendall Jenner (@kendalljenner) on

Прегледи:
484
Објавено на:
14.01.2016