Категории

Кендал проговори за гласините дека е геј: „Не сум како моите сестри“

Кендал Џенер се најде на уште една престижна насловна страна. Дала и интервју во кое дава осврт и на гласините.

Припадничката на кланот Кардашиан-Џенер се појави на уште една насловна страна на Вог. Убавата манекенка во интервјуто потврдила дека е во врска со спортистот Блејк Грифин и додала дека како мајка би сакала да се оствари за седум, осум години. Дала осврт и на гласините дека е хомосексуалка.

„Мислам дека луѓето заклучуваат така поради тоа што не сум како своите сестри, не ги објавувам моите врски. Бев интересна некое време бидејќи никој ме немаше видено со дечко. Секогаш се трудам да бидам дискретна кога се момците во прашање, секогаш се кријам“, коментира Кендал.


„Мислам дека ниеден дел од мене не е геј или бисексуален, но кој знае? Никој не знае. Имам поразлична енергија, но да ви одговорам директно на прашањето: Не сум геј. Не кријам буквално ништо“, се насмеала Џенер. Додала и дека таква информација никогаш не би криела.

Прегледи:
422
Објавено на:
15.03.2018