После многуте рекламни кампањи со бројни познати лица, Marc Jacobs ја избра Френсис Кобеин – ќерката на легендарниот Курт Кобеин и Кортни Лав за свое заштитно лице.
24-годишната Френсис, е главна ѕвезда во црно-бела серија фотографии кои ги потпишува познатиот фотограф Дејвид Симс. Целата кампања е во grunge дух по кој е и позната самата таа, па дизајнерот само додаде дека таа била неговата вистинска инспирација во создавањето на колекцијата. „Јас ги претставувам обичните просечни девојки, токму поради тоа мислам дека Марк ме избра за својата кампања“ – изјави Френсис.
Судејќи по нејзиниот бунтовен темперамент кој доста наликува на нејзините родители, Френсис е една од децата на познатите ѕвезди која е доста ангажирана во светот на модата што предвидува уште долга соработка со бројни други познати дизајнерски куќи.