Категории

Ќерката на Пол Вокер порасна и е неверојатно убава

Ќерката на актерот Пол Вокер, Мидоу, после неговата трагична смрт во 2013 година во сообраќајна несреќа со спогодба доби 10,1 милиони долари, од богатството на човекот кој го возеше автомобилот во кој двајцата загинаа. Парите одлучи да ги вложи во страста на својот татко, истражувањето на морињата.

Убавата 17 годишна девојка, ретко се појавува во јавноста, а не сака ни да објавува свои фотографии на социјалните мрежи.

Па поради тоа, фотографијата која ја објави неодамна, а на која го набљудува океанот предизвика големо внимание во јавноста.

“Возбудена сум што продолжувам со настојувањата на својот татко на доделувањето на наградите Пол Вокер”, напиша таа.

Организацијата која го носи името на нејзиниот татко ја започна на датумот на кој тој требаше да го прослави својот 42 роденден.

“При сеќавањето на мојот татко се сетив на неговите страсти. Страста кон океанот, кон спасувањето на животните и страста да им помогне на луѓето. Почнав да се занимавам со ова бидејќи сакам да го споделам тој дел од него со светот”, напиша пред неколку месеци покрај фотографијата на која како девојче позирала со својот татко.

Прегледи:
366
Објавено на:
05.06.2016