Категории

Ќерката на Синди Крафорд стана предмет на исмејување откако се појави во оваа модна комбинација

Ќерката на Синди Крафорд, Каја Гербер се појави на доделувањето на CFDA наградите, а нејзиното издание ги шокираше присутните.

Младата манекенка на гламурозната прослава се појавила во гломазна кошула отворена на стомакот која ја искомбинирала со машки боксерки со принт.

Додека Наоми Кембел, Џиџи Хадид, Кејт Бланшет и Алесандра Амбросио ја воодушевија публиката со своите стајлинзи, младата манекенка добила најмногу критики на сметка на изборот на облеката.

Освен тоа, ќерката на супермоделот Синди Крафорд на себе носела долги хулахопки со испишан слоган и високи штикли, а никому не му било јасно зошто убавата Каја, која досега воодушевуваше со својот стил, се одлучи за вакво издание.

 

 

Прегледи:
335
Објавено на:
06.06.2018