Категории

Кетрин Зета Џоунс во гламурозна сребрена тоалета блесна на црвениот тепих покрај сопругот Мајкл Даглас

Холивудската дива ги маѓепса сите на црвениот тепих

Славниот холивудски пар, Кетрин Зета Џоунс и Мајкл Даглас присуствуваа на доделувањето на SAG наградите во Лос Анџелес. Мајкл Даглас беше номиниран за две награди а заносната актерка пристигна во негова поддршка. Сите погледи беа вперени во 50-годишната актерка која носеше сребрена креација од модниот дизајнер Julien Macdonald.

Гламурозната креација со длабоко деколте и голем шлиц изгледаше беспрекорно на нејзиното тело, а целокупниот изглед го надополни со сребрени сандали дело на Giuseppe Zanotti и дијамантски обетки.