Категории

КИКИРИТКИ БАЈАДЕРА: Крцка под забите, се топи во устата (РЕЦЕПТ)

Крцка под забите, се топи во устата

Состојки:

  • 300 гр. шеќер
  • 2 дл. вода
  • 200 гр. маргарин
  • 300 гр. несолени мелени кикиритки
  • околу 300 гр. мелени бисквити
  • 50 гр. темно чоколадо или 2 лажици какао
  • 100-150 гр. чоколадо за прелив и малку масло

 

Подготовка:

Шеќерот и водата ставете ги на оган 4-5 минути, додадете го маргаринот и почекајте да се растопи. Истурете ги кикиритките и бисквитите и измешајте убаво за да се соедини смесата. Смесата не треба да биде сува, ани ретка, па затоа е најдобро да не ги истурите сите бисквити одеднаш, туку постепено.

Одвојте 1/3 од смесата и додајте 50 гр. растопено чоколадо или какао.

Поделете ја светлатасмеса на 2 еднакви дела.

Во помал, плитокплехпредходно обложен со фолија, истурете еден дел од светлата смеса, убаво израмнете ја.

Истурете го темниот дел врз првата смеса, убаво израмнете го истиот.

Конечно, нанесете го и вториот светол дел од смесата на ист начин над темната маса.

Стопете го чоколадото со малку масло и истурете го над оладената бајадера.

Прегледи:
453
Објавено на:
09.01.2020