Навикнавме да ја гледаме Ким Кардашијан како шокира и таа ужива во тоа, но провокативните фотографии кои неодамна ги објави на својот Инстаграм профил, ги шокираа и нејзините пријатели.
“Мислам дека никогаш не сум добила толку пораки од пријателите кои ме прашуваат дали сум пијана!”, напиша старлетата на својот блог.
“Кање и јас отидовме на венчавката на нашиот пријател Дејв Грутман во Мајами, и помина некое време откако се немавме видено со пријателите и бидејќи сите бевме дотерани, се почувствувавме инспирирани и сакавме да направиме некои забавни фотки”, објасни таа.
Таа го пофали својот сопруг како креативен гение кој стои зад овие фотографии, па Кање е одговорен и за фотографиите од деколтето на старлетаа кои ги “распаметија” нејзините фанови.