Иако со години се зборуваше дека нејзиниот задник е вештачки, Ким сега конечно призна дека одела на доктор за да прима инјекции во задникот, но тоа беше сѐ само не класично признавање.
Имено, во неодамнешното видео во живо, најпознатата Кардашијанка призна дека земала инјекции, но вели дека за тоа има сосема логично објаснување.
Наводно таа пати од псоријаза, хронична болест на кожата, а докторот ја советувал дека овие инјекции, односно кортизон, би можеле да и помогнат во борбата со болеста, од која пати 3% од светската популација.
Инејкциите ги примала неодамна во Лас Вегас, кога состојбата и се влошила. “Тоа е релативно непознат факт за мене”, призна таа.
Таа откри дека гласините дека носи додатоци во задникот започнале непосредно откако еднаш ги примила инјекциите, па преку нејзиниот син фустан се забележувала вдлабнатина во кожата, што е нуспојава на овој третман.