Ким Кардашијан сподели нова фотографија од малиот син и за нешто повеќе од еден час доби речиси еден милион лајкови.
„Ти си сонцето во моето утро“ – напиша гордата мајка во кратка порака на Instagram.
Првата фотографија од малиот Сент, Ким ја објави минатиот месец за да го одбележи денот кога се роди нејзиниот покоен татко Роберт Кардашијан.
Ким и Кание Вест добија син на 5 декември минатата година. Парот има и 2-годишна ќерка, Норт Вест.
35-годишната ѕвезда од „Keeping Up with the Kardashians“ вчера беше фотографирана со својот пријател Џонатан Чебан во Беверли Хилс, Калифорнија.