Категории

Кина го пушти најголемиот мост на светот – Масивна конструкција со стаклен под

Кинеските медиуми објавија дека вчера го пуштија во употреба најголемиот мост на светот наречен Xi Jiang. Овој мост во вид на лачен мост беше изграден за само 36 месеци.

Мостот Xi Jiang или на англиски Pingnan Third Bridge ја превзеде титулата за најголем мост од исто така кинескиот мост Choatianmen кој беше изграден пред 11 години.

Распонот на должината на мостот е дури 575 местри, 23 повеќе од досегашниот рекорден додека неговата вкупна должина е 1035 метри.

Во мостот се вградени 15,000 тони челик а неговите градители тврдат дека за овој тип на конструкција се одлучиле затоа што е поефтина од висечкиот мост но и поздржлива. Целиот проект како што велат беше довршен за само две и пол години.

 

Прегледи:
940
Објавено на:
31.12.2020