Категории

Кинеска блогерка заработи 3,4 милиони долари објавувајќи снимки на Интернет

Папи Јанг можеби не е познато име на Западот, но во Кина сите знаат за неа. Таа е „блогерка“ и вистинска Интернет сензација која го продаде огласното место на своите видео снимки за неверојатни 3,4 милиони долари.

Папи (29) е апсолвент на Пекингшката академија за драмски уметности, а во нејзиниот „вистински живот“ се вика Јанг Јилеј. Таа секој понеделник постава по една снимка на „sina Weibo“ и „WeChat“, како и на „Youku“ и „YouTub“.

Рекламното место продадено е минатата недела на аукција за неверојатна сума на фирма која специјализирана за продажба на козметички производи од Шангај.

Младата Кинезинка најчесто во своите снимки се занимава со притисоците кои се соочуваат младите во таа држава, според  нејзино мислење.

Прегледи:
464
Објавено на:
07.05.2016