Категории

Кира Најтли ја претстави новата колекција накит на Chanel

Холивудската актерка и муза на францускиот бренд Chanel – Кира Најтли ја претстави новата колекција накит именувана како Chanel Gallery.

Луксузната колекција накит вклучува два симболи препознатливи за брендот – октагон обликот и графички изглед на парчињата. На прв поглед тие изгледаат доста прецизни и минималистички што не даваат впечаток дека се изработени од златар туку од вајар. Сите модели на накит од оваа колекција меѓу кои обетки, огрлици, бразлетни и прстени изгледаат моќно и впечатливо со акцент кој ќе се вклопи во сечиј стил.

Рекламната кампања која Кира ја изработи заедно со брендот ја претставува нежната страна на оваа колекција, таа изгледа ранливо и нежно но истовремено и многу самоуверено што навистина многу потсетува на основачката на брендот – легендарната Коко Шанел.

Прегледи:
413
Објавено на:
05.10.2017