Категории

Кира Најтли ви ја открива тајната на нејзината убавина

Како дел од проектот на Chanel – “Beauty Talks”, овој пат својата тајна за убавина ви ја открива прекрасната холивудска актерка Кира Најтли. Позната по своите изразени јаболкници, таа открива дека секогаш користи нежно руменило, а за своите природно густи веѓи секогаш посетува професионалец. Таа обожава „зачаден“ изглед и секогаш се шминка сама а притоа претпочита сенките да ги нанесува со прсти. Таа е вљубена во црвениот кармин, и вели дека никогаш не излегува од дома без него. Нејзина инспирација отсекогаш била Одри Хепберн на која отсекогаш се огледувала како пример за безвременска убавина.

Прегледи:
250
Категории:
Убавина и мода
Објавено на:
17.02.2017