Категории

Кире ја мина границата од 800 голови во АСОБАЛ лигата (ФОТО)

Најдобриот македонски ракометар, Кирил Лазаров се врати на терените по ситната повреда и го прослави својот 800 погодок во АСОБАЛ лигата.

Барселона сосема очекувано славеше над Бенидорм  во „Палау Блауграна” со 33:18, Кире даде два погодоци и дојде до бројката од 801 гол во Шпанија, учинок за кој му беа потребни 161 натпревари.

Тој во Шпанија играше за Суидад Реал и Атлетико Мадрид, а Барселона му го честиташе новото достигнување преку социјалните мрежи.

Инаку во денешниот триумф на каталонците најрасположен беше Арињо со осум гола, ефектот на Барса е перфектен 23 победи во исто толку натпревари.

Прегледи:
460
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
18.04.2016