Категории

Кире Лазаров избран за најдобар десен бек во Европа

Лазаров е прогласен за најдобар десен бек во анкетата во која учествуваа над 80.000 љубители на ракометот.

акедонецот е заслужено во тимот затоа што сезоната ја заврши како најдобар стрелец на Барселона, со 104 гола. Авантурата во елитата Каталонците и Лазаров ја завршија во четвртфиналето. Ова е веќе трета година едноподруго како Лазаров е избиран за дел од најуспешниот тим во ЛШ.

Интересно е тоа што олстар-тимот, речиси, целосно доаѓа од просторите на поранешна Југославија. Покрај Лазаров, избрани се Штрлек (Хрватска), Илиќ, Стојковиќ (Србија), Бомбач и Маргуч (Словенија) во идеалната седморка и само Никлас Ландин на голот, колку да го урива просекот.

Трендот продолжува и во оние дополнителни признанија во името на Дарко Ѓукиќ, кој е избран за најдобар млад играч. Тренер на годината е Хавиер Сабате од Веспрем.

Ол-стар тим на ЛШ за сезона 2015/2016

Голман: Никлас Ландин (Кил)
Лево крило: Мануел Штрлек (Кјелце)
Лев бек: Момир Илиќ (Веспрем)
Десен бек: Кирил Лазаров (Барселона)
Среден бек: Деан Бомбач (Пик Сегед)
Пикер: Растко Стојковиќ (Брест)
Десно крило: Гашпер Маргуч (Веспрем)

Дефанзивец: Тимушин Шух (Веспрем)
Млад играч: Дарко Ѓукиќ (Бешикташ)
Најдобар тренер: Хавиер Сабате (Веспрем)

Прегледи:
500
Категории:
Ракомет · Спорт
Објавено на:
28.05.2016