Ах таа коса. Многу девојки маки мачат со својата коса. Не изгледа доволно бујно, доволно сјајно, брзо се масти, непослушна е и не може лесно да се стилизира..
Но се е всушност многу поедноставно, доволно е само да ги одберете вистинските производи кои одговараат на вашиот тип на коса. Се што ви е потребно е шампон, маска и серум и вашата коса секогаш ќе изгледа убаво и негувано.
Доколку и покрај сите препарати вашата коса изгледа безживотно и без волумен, најверојатно првата грешка која ја правите е избирањето на погрешен шампон.
Користете благи шампони без сулфати и силикони. Сулфатите се таложат во скалпот и со тек на време создаваат кожни проблеми, првут, масен корен, и безживотна коса. Силиконите ја отежнуваат косата и го обвиткуваат влакното така што не му дозволуваат на останатите продукти да допрат до него и соодветно да го негуваат.
Избегнувајте алатки за топлина како фенови, пегли и фигара колку што можете.
Сушењето на косата по природен начин ќе ја спречи вашата коса да биде дехдрирана и спречува пукање на влакното.
Доколку морате да ги користите овие алатки, задолжително користете спреј за заштита од топлина кој се нанесува на влажна коса. За поголем волумен обидете се да ја сушите косата со главата надолу така што ќе користите студен воздух на фенот.
За совршено рамна коса серумот е неопходен продукт. Нанесувајте го после пеглањето така што ќе ги нахрани вашите врвови и ќе спречи да испукаат а истовремено ќе ви го даде потребниот сјај на косата.
Намалете го користењето на сув шампон колку што е можно повеќе.
Сувиот шампон е одличен продукт кој ќе ве спаси секогаш кога сте во брзање и немате време да ја измиете вашата коса, но постојаната употреба наместо миење со шампон и вода ќе направи тој да се наталожи на вашиот скалп, може сериозно да му наштети на вашиот корен и вашата коса да биде слаба и кршлива.
Кога се изложувате на сонце, не заборавајте да користите спреј за заштита од УВБ/УВА зраци. Исто како и на кожата, и на вашата коса и е потребна заштита од штетните сончеви зраци.