Категории

Клучното нешто што прави еден маж да се заљуби во една жена

Која е всушност тајната формула?

Постојат повеќе одговори на вечното прашање – Што прави еден маж да се заљуби во некоја жена. Пресудна пред се е хемијата помеѓу нив двата но стручњаците тврдат дека тука се кријат и многу други нешта

Зошто баш таа а не некоја друга?
Еден маж мора да го освои вкупниот пакет – нејзината личност, нејзиниот мозок, тело, мирис, нејзината непозната, таинствена привлечност, нејзиниот дух и харизма.

Чувствува дека може да ја усреќи
Она што мажот и жената го посакуваат е едно исто – сакаат да почувствуваат поврзаност, привлечност и страст. Мажот бара жена со насмевка, тој се поврзува со неа кога ќе почувствува дека може да ја усреќи. Жената треба помалку да се труди околу тоа таа да го усреќува него, туку повеќе на тоа како тој да ја усреќи неа.

Поради тоа како се чувствува покрај неа
Мажот се заљубува кога покрај жената ќе се чувствува како суперхерој. Кога се чувствува прифатен, ценет и сфатен, и кога знае дека може да биде она што е.

Кога таа е отворена за љубов
Мажот се заљубува тогаш кога ќе забележи сигнали дека жената навистина е спремна да го прими во својот живот. Знаците можат да бидат прикажани на многу начини. Таа му дозволува тој да и помага во нештата во кои таа не се снаоѓа добро, му покажува почит и разбирање. Мажот се заљубува во жена која е отворена и спремна да биде сакана.

Кога таа е комплетна жена
Мажот ќе се заљуби во жена кога ќе види дека таа и сама со себе е среќна и задоволна. Дека таа поседува своја личност и е сопствена индивидуа и без покрај себе да има некој. Таа ужива во животот и во она што го прави.

Сличности
Еден маж може да се заљуби во една жена ако увиди во неа многу карактеристики кои ги препознава и кај себе. Старата поговорка дека сличностите се привлекуваат не е мит, постои нешто магично кога ќе наидете на личност која изгледа како да е створена само за вас.

Прегледи:
632
Објавено на:
07.11.2019