Категории

Книга на неделата: „ДА СЕ УБИЕ ПТИЦАТА ПОДБИВНИЦА“ – Харпер Ли

Сместен во јужниот град Мејкомб, Алабама, за време на големата депресија, романот Да се убие птицата подбивница следи три години од животот на осумгодишната Скаут Финч, нејзиниот брат Џем и нивниот татко Атикус. Во овој период клучен настан е апсењето и судењето на младиот црнец обвинет за силување на бела жена. Иако романот истражува големи теми, Харпер Ли избира приказната да ја раскаже преку очите на едно дете. Како резултат на тоа имаме силен и нежен роман за расата, класата, правдата и болката поврзана со растењето.

„Роман исполнет со благост, хумор, сочувство, како и мистерија внимателно одржувана до крајот.“ Harper’s Magazine „Некој исклучително редок го има напишано овој многу добар роман, писател што има најжив осет за животот и најтопол, најавтентичен хумор. Трогателна книга; и толку забавна, толку допадлива.“ Труман Капоти „Вешт, непретенциозен и генијален роман… силен, мелодраматичен, остар, забавен.“ The New Yorker „Чудесно… Оригиналните ликови на Харпер Ли заслужуваат исклучително внимание во овој наградуван дебитантски роман.“ The New York Times

Прегледи:
968
Објавено на:
05.10.2020