Категории

Книга на неделата: „МАЛИТЕ ЖЕНИ“ – Луиза Меј Алкот

Книга која секоја жена треба да ја прочита.
„Малите жени“ е приказна за четири сестри: Мег, Џо, Бет и Ејми Марч. Базирана е на личните искуства на авторката и нејзините три сестри. Секое од девојчињата се бори со некоја особена, лична карактеристика: Мег е суетна, Џо е избувлива, Бет е срамежлива, а Ејми е егоцентрична. Додека девојчињата се обидуваат да ги надминат тешкотиите во животот најдобро што умеат додека татко им е далеку, во војна, низ нивната креативност и меѓусебна љубов тие успеваат да уживаат во убавите мигови и да опстојат низ тешките мигови. Овој роман од „Гардијан“ е прогласен за најважен американски женски роман на сите времиња.