Категории

Книга на неделата: „ПАПАТА ЈОВАНА“ – Дона Вулфолк Крос

Овој роман е врз животот на една мошне исклучителна и фасцинанта жена во историјата на Западот позната под името Папата Јована. Таа е една од најконтроверзните личности во историјата на човештвото, која преправена во маж застанува на чело на Христијанската Црква и во IXвек станува прва и единствена жена која ќе седне на престолот папски трон во црквата Св. петар во Ватикан.

Извонредно талентираната Јована е бунтовник. Нејзината бунтовност е насочена кон средновековните опшествени структури и догми кои на жената и забранувале да чита и пишува. Кога нејзиниот постар брат ќе биде убиен при напад од страна на Викинзите, Јована ги превзема неговата наметка и неговиот идентитет и заминува во манастирот Фулда каде е примена во редовите на братството. Позната е под иметот Брат Џон Англикус, Јована се издвојува од братството и станува еден од најголемите Христијански ученици. По многу премрежија, Јована успева да стигне во Рим, каде се заплеткува во една опасна мрежа на љубов, страст и политика.
Триумфално успева да ги надмине сите ужаси и да ги искористи сите можности , па на крајот, сосема неодчекувано, да застане на највисокиот трон на Христијанството.

Никој со сигурност не може да го потврди постоењето на Папата Јована или Папата Џон Англикус како што таа самата се нарекува.
Откако ќе се заврши со читањето на оваа романтична приказна за животот на Јована, кај читателот се јавува неодолива желба нејзиното постоење да се прифати како реалност, бидејќи вистинско задоволство е да се чита за ретките херои чија моќ на согледување и расуднување им овозможува да ја игнорираат нескротливата порака на историскиот период во кој живеат.