Категории

Книга на неделата: „ЦРНАТА КРАЛИЦА КОСЕМ СУЛТАН“ – Демет Алтинјелеклиоглу

Борба за власт, убиства на можните претенденти на тронот, љубов и интриги во сарајот на Султанот. Спремна речиси на сè за да стане најмоќната жена во Империјата. Силна, борбена и величествена. Ангел и демон во една личност.
Во историјата е наречена Црната кралица. За султанот Ахмед таа беше неговата Махпејкер (месечина). Но, длабоко во себе, Анастасија беше еднa едноставна побожна попска ќерка, грабната од грч­киот остров Милос. Кога имаше само петнаесет години, од Куманово, преку Скопје и Солун таа пристигна во харемот на Султанот и беше само една од многуте слугинки во Сарајот. Како и да е, судбината го направи најнеочекуваното…
Нејзината несекојдневна убавина и интелигенција ја забележа бабата на султанот Ахмед. Султанката ја зеде младата девојка под нејзина закрила, подготвувајќи ја за улогата што и самата некогаш ја имаше. Анастасија стана најистакнатата жена во Османлиската Империја, омилената жена на Султанот. Сега како Султанка, мораше да го прифати предизвикот, интригите во палатата и секогаш да биде будна за непријателите што чекор по чекор се прикрадуваа и беа нејзина смртна закана и смртна закана за нејзините деца…
Од попската ќерка Анастасија таа стана Косем (таа која води).
Првата жена која самостојно владеела со едно исламско царство и седела на тронот на Османлиската империја.
Прегледи:
1021
Објавено на:
03.11.2020