Категории

Кога е најтемно, тогаш само блескај!

И не е важно дали ти течат солзи или се чувствуваш беспомошно и она што го правиш во моментот нема смисла, мракот кој доаѓа е само илузија. Прифати го тоа што побрзо.

Направи се што е потребно за да направиш за да ја забележиш разликата помеѓу во таа енергетска тиња во која сега си вовлечен и леснотијата во светлината на новиот избор. Изборот нека ти биде чиста љубов без оглед на се.

Тешко ти е? И тоа е изговорот поради кој го уништуваш својот живот и се однесуваш арогантно спрема животните благослови? Нешто не е по твојата волја па устата постојано некотролирано и искажува бесно создадени зборови? Преку истите тие усни кои ја познаваат молбата, благодарноста и знат да љубат и сакаат?

Зошто толку лесно се предаваш? Кои се тие окови кои те влечат во подземјето на твоето постоење? Што се случило и како се убедуваш себеси дека ова однесување е оправдано? Како си успеал себеси да се увериш дека агресијата е решение или уште полошо, дека воопшто не постои решение па бесот станува твој начин на живот?

Што и да се случило, сеуште си жив. Заблагодари се најпрво за тоа. Дадено ти е да се спознаеш себеси, а те мрзи да се потрудиш? Кажи си на себеси Доста е. Да, доста е со таквото однесување и сожалување на себеси. Што чекаш? Некој да дојде и да те извлече од мракот? Зошто секогаш мора да постои некој а тоа да не си ти? Зошто самиот себеси да не бидеш онаа искра во мракот која толку очајно ја чекаш.

Кој освен тебе може да има подобра претстава за иднината и светлината која сакаш да ја видиш? Кој наместо тебе може да го претвори тоа во реалност? Никој не може да го живее твојот живот за тебе, наместо да седиш да се жалиш над својата судбина, направи нешто корисно.

Време е да започнеш од почеток. Време е повторно да ја избереш светлата страна на животот, и тоа мораш да го правиш секој пат кога ќе ти падне мрак.
Крени ја главата, исправи се. Ти си тука во своето тело и имаш моќ да создадеш нешто ново и прекрасно.
Ти одбираш, и запомни, само ти!

Прегледи:
880
Објавено на:
03.03.2020