Категории

Кога е вистинско време да се каже „Те сакам“ ?

Веројатно многумина се запрашале кога е всушност вистинско време за да се каже: „Те сакам“. 

Истражувањата покажуваат дека околу 55% од луѓето, овие зборови ги изговараат во првите три месеци од забавувањето, а оние кои го направиле тоа во првите 30 дена од врската, имале значително поуспешен и посрќен однос.
Додека оние кои не умеат отворено и јасно да ги искажат емоциите, кажале „Те сакам“ дури по пет песеци од врската. Доколку сте во врска пола година или повеќе, а сеуште не сте слушнале од вашиот партнер да ги изговори овие зборови, нема простор за паника.

„Сериозна врска е онаа во која партнерите се посветени на заедничкото созревање“ – вели психологот Шула Меламед. „Без оглед на тоа дали се случува брзо или бавно, клучно е двете страни подеднакво да вложуваат во врската.“

Таа истакнува дека чувствата се поважни од зборовите и тоа е најдобриот знак дека врската напредува и станува сериозна кога емотивните партнери разговараат отворено за тоа.

Прегледи:
605
Објавено на:
15.05.2020