Категории

Кога го збогатуваш умот, немој да заборавиш и на срцето

Мудра приказна со силна порака 

На едно младо момче од угледно и богато семејство требало да му биде доделена докторска диплома. Постоел обичај, родителите, роднините и пријателите на новиот доктор да му поклонат нов автомобил. Младичот заедно со својот татко отишол да разгледа по продавниците за автомобили во градот и да го одбере својот совршен автомобил.

Бил уверен дека наредното утро ќе го чека пред вратата и со него ќе замине на промоција.

Утредента таткото радосно му пришол, но со книга во раката. Му ја подарил Библијата. Синот бил разочаран. Луто ја исфрлил книгата и одтогаш повеќе не разговарал со својот татко. После неколку месеци, нашол работа во друг град.

Еден ден му пристигнала вест дека неговиот татко починал. Ноќта после погребот, прегледувајќи ги нештата на работната маса на неговиот татко, ја пронашол Библијата која тој му ја поклонил она утро. Совета почнала да го пече па ја дувнал прашината од нејзините корици и ја отворил книгата. Меѓу листовите пронашол парче хартија од банкарска сметка на која била уплатена цената за одбраниот автомобил.

Прегледи:
430
Објавено на:
30.04.2020